Пејачот Шабан Шаулиќ загина во сообраќајка во Германија

Макфакс

17/02/2019

15:01

10.905

Големина на фонт

а а а

Шабан Шаулиќ, или како што многумина го нарекуваат, кралот на српската народна музика, загинал во тешка сообраќајна несреќа која утрово се случила во Германија, информира српски „Блиц“.

Според првичните информации, несреќата се случила во градот Билефелд, во северозападниот дел на Германија.

До сообраќајката наводно дошло по концертот на Шаулиќ во Билефелд, а пејачот бил веднап пренесен во болница, каде што, за жал и покрај напорите на лекарите, им подлегал на повредите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг