Монструозното забивање над Шекил О’нил му ја донесе титулата на Хамиду Диало

Дерби

17/02/2019

13:08

2.200

Големина на фонт

а а а

Кошаркарот на Оклахома Сити Тандер, Хамиду Диало ја однесе победата во вчерашното натпреварување во забивање во рамките од НБА Ол- Стар викендот.

20 годишниот кошаркар изведе три убави забивања, од кое она во кое го прелета 216 сантиметри високиот Шекил Онил му ја донесе победата.

Како и претходните неколку години и оваа година не видовме ништо спектакуларно на ова натпреварување, а многу од забивањата веќе беа видени во минатото.

Освен победникот Диало учество зедоа и Џон Колинс од Атланта, Мајлс Бриџс од Шарлот, и Денис Смит Јуниор од Њујорк Никс.

Забивањата се одвиваа во три серии, а на крајот во финалето останаа Смит Јуниор и Диало, а 20 годишниот кошаркар го доби признанието со само осум бодови повеќе од играчот на Њујорк.




Спонзорирани линкови

Маркетинг