Тереза Меј следната недела на разговори со Јункер и лидерите на ЕУ

Макфакс

17/02/2019

13:05

1.513

Големина на фонт

а а а

Британската премиерка, Тереза Меј, следната недела во Брисeл ќе има разговори со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, информираат од нејзиниот кабинет.

Како што соопштува агенцијата „Ројтерс“, овој потег доаѓа по нејзиниот овонеделен симболичен пораз во британскиот парламент, кој се проценува како сериозно ослабување на позициите на Меј во преговорите со Европската унија.

Во соопштението од кабинетот на британската премиерка се додава и дека таа планира во наредните денови да разговара со лидерите на сите земји-членки на ЕУ.

Исто така, се наведува дека британскиот министер за брегзит, Стив Баркли, во понеделник ќе се состане со главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барни.

„Ројтерс“ потсетува дека поразот на Тереза Мај на симболичното гласање во парламентот во четвртокот го доведува во прашање исполнувањето на нејзиното ветување до водачите на ЕУ, дека договорот за границата меѓу Северна Ирска и Република Ирска со одредени отстапки ќе мине во Долниот дом.



Спонзорирани линкови

Маркетинг