Трамп им се закани на американските сојузници: Ќе пуштиме 800 џихадисти на ИСИС на слобода - ќе ја преплават Европа!

Точка

17/02/2019

12:22

7.810

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека Соединетите Американски Држави бараат од европските сојузници „да преземат над 800 борци на Исламската држава заробени во Сирија и да отворат судски процес против нив“.

„Соедиенетите Американски Држави бараат од Велика Британија, Франција, Германија и другите европски земји да преземат над 800 борци на Исламската држава кои што ние ги заробивме во Сирија и да ги изнесат пред суд“, порача американскиот претседател на социјалната мрежа Твитер.

Американскиот претседател порача дека „Калифатот е подготвен да падне“, но исто така на европските сојузници на САД им нагласи дека алтернативата на ова не е добра, односно таа подразбира ослободување на џихадистите.

„Калифатот е подготвен да падне. Алтернативата не е добра и во спротивно, ние е бидеме приморани да ги пуштиме на слобода“, порача Трамп.


„САД не сакаат да гледаат како овие борци на Исламската држава ја преплавуваат Европа, нешто што се очекува од нив да го направат. Ние направивме премногу, потрошивме премногу. Сега е време и другите да направат нешто што се способни да го направат. Ние се повлекуваме после стопроцентната победа над Калифатот“, порача првиот човек на Соединетите Американски Држави.

Овие твитови на американскиот претседател доаѓаат во периодот кога потпретседателот на САД, Мајк Пенс, ги повика останатите американси сојузници да ја превземат иницијативата во Сирија откако ќе се повлечат американските војници од оваа земја.



Спонзорирани линкови

Маркетинг