Сколс со совет до управата на Манчестер Јунајтед: Дајте му ја работата на…

Дерби

17/02/2019

12:43

2.203

Големина на фонт

а а а

Новиот предводник на Олдам Атлетик, Пол Сколс истакна дека неговиот поранешен соиграч од Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер ги поседува сите квалитети да стане перманентен тренер во Манчестер Јунајтед.

Сколс верува дека Манчестер Јунајтед нема да се соочи со големи проблеми ако го назначи Оле Гунар Солскјер за предводник на клубот и покрај поразот од ПСЖ во Лигата на шампионите.

-Немам ништо против Оле да ја добие работата. Со тоа што го направи во последните 11 натпревари покажа дека ја заслужува оваа работа. Знам дека луѓето ќе почнат да се сомневаат по поразот од ПСЖ, но тоа може да му се случи и на најискусните менаџери во светот затоа што ПСЖ е врвен тим. Сметам дека со тоа што го направи, дефинитивно заслужува шанса- коментираше Пол Сколс.

Сколс пак неодамна заплива во менаџерските води преземајќи го клубот за кој навивал од детството, Олдам Атлетик. Во првите два натпревари омилениот фудбалер од Манчестер Јунајтед забележа една победа и едно реми.



Спонзорирани линкови

Маркетинг