Медиумите во Италија пренесуваат дека од таборот на Интер донесле конечна одлука околу нивниот сега веќе поранешен капитен, Мауро Икарди.
„Кориере дело Спорт“ пишува дека од Интер одлучиле да го продадат Мауро Икарди и токму тоа го натерало аргентинскиот напаѓач да се однесува како што се однесува сега.
Во последно време евидентна е нетрпеливоста на релација Икарди- Интер, а многумина како најголем виновник за тоа го посочуваат неговиот агент, сопругата Ванда Нара.
За Икарди веќе има интерес од неколку европски екипи, а денес излезе информација дека Манчестер Јунајтед е последниот клуб кој се распрашува за неговите услуги.