Роберто Манчини беше човекот кој одлучи да го врати Марио Балотели во италијанската фудбалска репрезентација, но актуелниот селектор на „аѕурите“ брзо се покаја за ваквиот потег, па во последно време „Супер Марио“ исчезна од листите на тренерот.
Контроверзниот напаѓач имаше ужасен старт на сезоната во Ница и не постигна ниту еден гол во првиот дел од кампањата, по што одлучи да направи трансфер во Марсеј, шанса која според Манчини е една од последните кои ќе ги добие Балотели во својата кариера.
– Се зависи од него, зависи од тоа дали главата ќе му биде на место акко што не беше во последните неколку години. Се додека тоа не се смени, нема да биде повикан. Мора да игра добро, да дава голови и да пази со добиените картони. Треба да сфати дека ова е една од неговите последни шанси, – гласи искрениот совет кој му го испрати Манчини на Балотели.