Вардар „заспа“ во вториот дел и му дозволи на Веспрем да направи голем пресврт во Скопје

Дерби

17/02/2019

00:36

2.192

Големина на фонт

а а а

Вардар одигра феноменално добро во втората половина на првото полувреме во кое на прв поглед се чинеше дека си создаде убедлива предност против Веспрем која унгарскиот тим тешко ќе може да ја надокнади, но колку нашиот тим изгледаше полетно и фантастично во овој период, толку беше лош во вториот дел во кој доживеа вистински колапс.

Избраниците на Парондо едноставно „заспаа“ во продолжението и му дозволија на противникот да се врати од бездната, па така предноста од 16:11 на полувремето брзо беше избришана. Унгарците со серија од 6:1 се вратија во игра и израмнија на 17:17, а иако Вардар успеа да се консолидира и повторно да поведе со плус три, сепак фактот што му дозволи залет на противникот се покажа како пресудно до крајот. Веспрем со многу повеќе самодоверба и полетност ги завршуваше своите напади, додека во Вардар како единствени опции се покажаа Скубе и Криштопанс кои сепак не може да одговорат сами на расположените противници.

Веспрем го презема водството и во последните пет минути влезе со плус два, а со оваа предност го приведе мечот до крајот пред се благодарение на разиграниот капитен Ласло Наѓ кој одигра извонредно второ полувреме (27:29). Наѓ постигна пет од своите шест гола во овој период од играта, а покрај него, извонреден беше и Лекаи кој мечот го заврши со седум реализации.

Кај Вардар, Милосављев имаше фантастично прво полувреме во кое ја направи разликата, период од играта во кој беше одличен и Дизингер кој го заврши мечот како најефикасен во нашиот тим со своите пет постигнати гола.



Спонзорирани линкови

Маркетинг