Родители монструми: Со месеци ги чувале своите изгладнети деца во кафези за кучиња...

Точка

17/02/2019

10:34

5.730

Големина на фонт

а а а

Родители од американската сојузна држава Тексас се уапсени откако полицијата открила дека на монструозен начин се однесувале кон нивните четири деца – ги чувале изгладнети и прекриени со измет во кафези за кучиња.

Ендру Јозеф Фабилја и Пејџ Харкинг, и двајцата на возраст од 24 години, биле уапсени и обвинети по четири точки за загрозување на животот на нивните деца. Мајката исто така била обвинета и за нанесување на тешки повреди на сопругот, поради што полицијата морала да интервенира.

Како што било откриено, Ендру и Пејџ, нивните четири деца на возраст од една, три, четири и пет години, ги чувале во неадекватни, нехигиенски и монструозни услови. Според зборовите на шерифот, двете најстари деца биле заклучени во кафези, а младите биле изгладнети и прекриени со измет.


Тоа што е најбизарно е што сите четири деца биле на Харкинг, а во куќата имало премногу храна која што била заклучена, односно само децата немале пристап до храната.

„Во куќата имаше доволно храна, но храната беше заклучена и децата не можеле да дојдат до неа. Тие беа многу жедни. Нашите полицајци ги нахранија, им дадоа да јадат и да пијат. Насекаде имаше валкани алишта, душеци, ќебиња, фекалии, урина. Целата куќа беше премногу валкана“, изјави шерифот Лејн Акин, додавајќи дека станува збор за три момчиња и едно девојче.

Кафезите во кои што биле заклучени децата се наоѓале внатре во куќата, односно во спалната соба.



Спонзорирани линкови

Маркетинг