Мукаетов јасно порача каков ќе биде новиот селектор: Тој мора да биде посветен само на Македонија!

Дерби

16/02/2019

17:39

1.546

Големина на фонт

а а а

Првиот човек на Ракометната Федерација на Македонија, Живко Мукаетов денеска испрати јасна порака за тоа каков профил на тренер ќе добие македонската сениорска селекција која во моментов е без стратег откако клупата ја напушти Раул Гонзалес.

Мукаетов верува дека во моментов најдобро решение е да се најде селектор, професионалец кој ќе биде исклучиво посветен на „црвено-жолтите“, односно во исто време нема да има клупски ангажман како на пример последни два наши предводци на националниот тим Лино Червар и Раул Гонзалес.

-Голем предизвик е изборот за човек за селекторското место во националниот тим. Мојата желба е тој да биде професионалец, односно да биде посветен само на Македонија. Ни претстојат квалификации за ЕП и мораме ова квалитетно да го решиме, -истакна Мукаетов на денешното годишно Собрание на РФМ.

Ова би значело дека двете најспоменувани имиња Роберто Гарсија Парондо (Вардар) и Данило Брестовац (Металург) нема да бидат во игра за нов селектор на Македонија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг