Ковач ги предупреди играчите на Баерн: Ова не смее да се случи против Ливерпул…

Дерби

16/02/2019

17:38

1.507

Големина на фонт

а а а

Баерн Минхен успеа да го освои трите бода на гостувањето кај Аугзбург (3-2), но тренерот Нико Ковач не беше задоволен од играта и настапот на неговите избраниците.

Хрватскиот стратег ја издвои одбраната како најслаб дел, а притоа им порача на неговите избраници да не дозволат тоа да се повтори против Ливерпул во Лигата на шампионите, затоа што премиерлигашот е тим кој не простува, особено напаѓачката тројка Салах, Мане и Фирмино.

-Вакви дефанзивни грешки не смеа да ни се повторат кај Ливерпул. Ако вака пуштаат играчи да минуваат, особено со тројката Салах, Мане и Фирмино, ние ќе бидеме во опасност во секоја минута. Поради ова е важно одговорно да се однесувате со топката и да се однесувате дисциплинирано. Тогаш ќе можете нешто да одбраните, ама ако дозволувате противникот да ве претрча, тогаш секој тим во Бундеслигата има квалитет да даде гол, -истакна Ковач.

Мечот Ливерпул-Баерн се игра во вторник од 21 часот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг