Манчестер Јунајтед делува како сосема нова екипа под водство на Оле Гунар Солскјер, а најдобар доказ за тоа се серијата на позитивни резултати.
Клубот од „Олд Трафорд“ немаше пораз под водство на Норвежанецот до дуелот со ПСЖ во ЛШ што е јасен показател за тоа што внатре се случува ви тимот и каква е атмосферата. Дефанзивецот Крис Смолинг признава дека е задоволство да се игра под тренерската палка на Солскјер, но воедно откри дека тренерот знае да биде незгоден и да ги подбере ако тоа е потребно.
-Мислам дека има и гадна страна. Тоа го има секој тренер, таканаречениот „фен“ третман кога работите нема да одат во посакуван правец. Задоволство е да се игра под неговото водство, тој е фантастичен, -рече Смолинг кој притоа порача дека тој и соиграчите ќе напаравт се за да ја завршат оваа кампања со трофеј, а една од опциите е ФА Купот.
-Оваа година мораме да направме се за дојдеме до трофеј. во понеделник (меч со Челси) ќе одиме на се или ништо, -рече дефанзивецот.