Кој е таинствениот агент кој секогаш се наоѓа на местото каде што се подготвува бунт

Точка

16/02/2019

16:21

10.969

Големина на фонт

а а а

Бил во Софија кога бил отруен трговец со оружје, во Британија за референдумот за Брегзит, во Каталонија кога гласале за независност.

Дваесетина дена пред годишнината на труењето на шпионот на руската тајна воена служба ГРУ, кој претходно работел за британската разузнавачка служба MI6, Сергеј Скрипал, и неговата ќерка Јулија во англискиот град Салисбери, откриен е идентитетот на "третиот човек" кој наводно имал вмешано прсти во нападот, а чија улога уште не се знае во целост. 

Станува збор за Денис Вјачеславович Сергејев, кој по светот патувал со лажен руски пасош на име Денис Фјодотов, издаден во истата канцеларија во која свои лажни пасоши добиле и Руслан Боширов и Александар Петров, односно агентите на ГРУ, Александар Мишкин и Анатолиј Чепига.

Англиските служби ги сомничат како непосредни извршители на атентатот на таткото и ќерката Скрипал, и тоа со нервниот гас новичок. Евидентно е, пишуваат истражувачките портали "The Insider" и "Bellingcat", кои ги откриле идентитетите на Мишкин и Чепига, дека тој бил во Лондон тие клучни денови, од 2-ри до 4-ти март, кога биле и двајцата агенти на ГРУ, но не се знае дали бил во Солзбери. Не се знае ни како ја напуштил Велика Британија, но на 4-ти март во Москва долетал преку Рим. Дошол во Лондон истиот ден како и Боширов и Петров, но со претходниот лет.

Сергејев е очигледно "голема фаца" во ГРУ, а неговото движење низ Европа се поклопува со многу интересни настани. На пример, бил во Софија во април 2015-та, кога бил отруен бугарскиот бизнисмен и трговец со оружје, Емелиан Гебрев. Истиот ден кога Гебрев завршил во болница, Сергејев заминал за Истанбул.

Во Кремљ не сакаат да ги коментираат наодите на "Bellingcat" и "The Insider", освен што Дмитриј Песков прашал како тоа сега се зборува за некој отруен со боев отров уште во 2015-та година. Но, има и други интересни моменти. Сергејев бил и во Лондон за време на референдумот за Брегзит, како и за време на протестите во Каталонија за отцепување од Шпанија.

Милион долари

"Bellingcat" нагласува дека постојат и траги кои го поврзуваат Сергејев со обидот за пуч во Црна Гора во 2016-та година, за што црногорското обвинителство секако сомничи двајца агенти на ГРУ, Едуард Шишмаков и Владимир Попов. Се појавиле информации дека Сергејев има врска и со приватната војска Вагнер, чии платеници војуваат во Сирија и Африка, а дел од нејзините припадници наводно има и во Венецуела.

"Bellingcat" открил, меѓу другото, дека Денис Сергејев бил акционер или со-сопственик на најмалку осум компании, кои сега не постојат, и дека во 2009-та година добил кредит од милион долари, иако во тој момент официјално немал никаков имот, па дури ни автомобил.




Спонзорирани линкови

Маркетинг