Сакале да украдат автомобил, но не се надевале на ова: Храбриот сосед решил да им ја “отежни работата”

Точка

16/02/2019

16:12

6.799

Големина на фонт

а а а

Безбедносните камери снимиле четиричлена банда сред кражба и еден сосед кој решил да ги запре на многу интересен начин.

На снимката за која се верува дека настанала во Ковентри, Англија, се гледа како четворицата крадци излегуваат од автомобил и влегуваат во една куќа. Потоа, тројцата од нив влегуваат во возилото со кое дошле, а еден од нив одлучил да го украде белиот автомобил кој бил паркиран пред една куќа.  

Меѓутоа, крадецот бил забележан од соседот кој живеел отспротива и кој веднаш влегол во својот Рејнџ Ровер и му се испречил на патот.

Крадецот се мачел да замине со автомобилот и неколку пати го удрил џипот од страна, пред да успее да се качи на тротоарот и да побегне.

Сепак, храбриот сосед не се откажал и продолжил да го брка. Не е познато дали крадците биле приведени, а снимката стана многу брзо вирална на социјалните мрежи каде корисниците го фалат пожртвуваниот сосед.



Спонзорирани линкови

Маркетинг