На овогодинешниот избор за мис Њујорк победи Албанка со потекло од Косово која што својата победа ја прослави со покажување на „Двоглавиот орел“.
27-годишната Флоринда Кајтази минатиот месец ја понела титулата мис Њујорк 2019, па девојката со косовско потекло победата во Њујорк ја прослави со „симулација“ на албанскиот орел, нешто што според српските медиуми е провокација.
Таа после победата, со круна и цвеќе во рацете, одлучи да ги склопи рацете и така да ја покаже својата национална припадност.
Ова е инаку втор пат за три години Албанка да стане мис Њујорк, откако претходно на изборот во 2016-та триумфираше Серена Бучај.