7-годишниот Хамза припитомил волк па заедно чуваат овци: Тој нѐ чува од лошите луѓе и го штити нашето стадо

Точка

16/02/2019

15:40

5.507

Големина на фонт

а а а

7-годишниот Хамза од Либија успеал да припитоми волк, па сега заедно го чуваат нивното стадо со овци. Хамза го пронашол малиот волк во дивината, го донел дома, по што успеал да го припитоми и да го дресира.

Таткото на Хамза не бил воодушевен што во нивниот дом ќе имаат опасно диво животно, но сепак на крајот му попуштил на неговиот син.

„Мојот син еден ден донесе бебе волк и инсистираше да го задржиме. На почетокот не се согласував со тоа, но видов дека децата многу сакаа да го чуваме, па морав да попуштам“, изјави таткото на Хамза за “RT”.

Припитомениот волк денес е весело животно кое што го следи Хамза на секој чекор и заедно го привлекуваат вниманието на изненадените луѓе.

„Не можеш да се чувствуваш целосно сигурно кога живееш со волк, па јас сум исплашен и ми е непријатно“, призна таткото на Хамза.

Инаку, Хамза и неговите браќа тврдат дека волкот секогаш ги заштитува од лошите луѓе и заедно со другите кучиња го штити нивното стадо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг