Зад нивната љубовна приказна се крие вистинска животна драма: Секој настап го завршуваат со бакнеж, а ледот “пука” од нивната страст

Точка

16/02/2019

13:58

4.941

Големина на фонт

а а а

Светот има прилика да види многу парови во уметничко лизгање, но судејќи по сѐ, овој е навистина посебен.

Кога двајцата уметнички лизгачи ќе застанат на ледот и ќе започнат со својата точка, публиката не може да го тргне својот поглед бидејќи ледената сцена “пука” од страста помеѓу нив. 

Кај паровите во уметничко лизгање не е необично тие да се и емотивно поврзани, меѓутоа Американците Алекса и Крис се уникатни. Нивниот настап за Денот на вљубените минатата година на Зимските олимписки игри не заврши со медал, но секако заврши со бакнеж како и останатите нивни точки.

Заедно настапуваат од 2012 година, а ги тренира Далила Сапенфилд која воедно и ги венчала.

Но, 2016 година била тешка година за овој пар бидејќи на Алекс ѝ била дијагностицирана опасна болест на дигестивниот систем. Таа била подложена на три операции, изгубила девет килограми, а кариерата ѝ била ставена под знак прашалник.

Меѓутоа, Алекс и Крис не сакале да се предадат. По тешката борба, таа успеала да се врати на лизгањето и заедно се избориле до настап на Зимските олимписки игри минатата година, додека оваа бележат одлични резултати на меѓународните натпреварувања.



Спонзорирани линкови

Маркетинг