Ѕвездите протестираат поради Оскарите: Меѓу нив и Џорџ Клуни и Бред Пит

Точка

16/02/2019

13:53

4.023

Големина на фонт

а а а

Џорџ Клуни, Бред Пит и Роберт Де Ниро во четвртокот го поддржале протестот во Холивуд против плановите на организаторите на Оскарите – наградите за најдобра фотографија, монтажа и некои други категории да се доделат за време на емитувањето на рекламите на церемонијата, која ќе се одржи наредната недела.

Сандра Булок, Ема Стоун и Џон Хам исто така го поддржале отвореното писмо на режисерот Мартино Скорсезе, Спајк Ли и Алфонсо Куарон, кои повикаа на промена на одлуката која ги навредува професионалците во тие категории.

Академијата за филмски уметности и науки на почетокот на неделата објави дека доделувањето на наградите за неколку категории ќе се одржи за време на емитувањето на рекламите, во директен пренос на 24-ти февруари.

Планирано е скратени снимки од победничките говори во тие категории да се емитуваат подоцна од директниот пренос.

Организаторите на доделувањата настојуваат да го скратат траењето на доделувањето, за да ја зголемат телевизиската гледаност.


На церемонијата се доделуваат Оскари во вкупно 24 категории.

Организаторите се обврзале да го скратат доделувањето за 40 минути, на вкупно три часа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг