Добила отказ поради стриите, а потоа почнале и навредите на социјалните мрежи: “Поради ова си сама”

Точка

16/02/2019

13:02

7.783

Големина на фонт

а а а

Плус-сајз моделот Челзи Аутрам одлучила да направи нешто на кое ретко кој се осмелува – јавно ги покажала своите несовршености.

Имено, таа на својот Инстаграм профил објавила серија фотографии на кои во прв план го истакналa стомакот прекриен со стрии. Сепак, веројатно ни самата не очекувала дека ваквиот потег со себе ќе повлече бројни непосакувани реакции. 

Помеѓу останатото, откако ги виделе фотографиите, поединечни клиенти од модниот свет одлучиле да ја откажат нивната соработка со Челзи.

“Некои мажи ги коментираа моите стрии со зборот “бљак”, а жените пишуваа дека тоа не е нешто што мажите сакаат да го гледаат. Сепак, јас не ги објавив фотографиите поради нив”, раскажала таа за “The Sun”.

Со таквите коментари сѐ уште можела да се носи, но она што следело поприлично ја потресло.

“Тоа е причината поради која си сама, мажите не сакаат да гледаат ваков стомак. Врати им се на селфијата”, пишувало во еден од, како што вели таа, најзлобните коментари.

Но, и покрај сето тоа, Аутрам признава дека не се кае поради својот потег.

“Фотографиите не се објавени за да ме оценуваат “фраерите”. Со нив сакав да им помогнам на другите мајки кои поминуваат низ истото”, изјавила Челзи.

Иако злобните коментари ја потресле, таа вели дека многу повеќе ја допреле позитивните коментари на нејзиниот профил како оние кои истакнале дека е прекрасно за промена да се види како изгледа едно вистинско тело.



Спонзорирани линкови

Маркетинг