Eleuthera е неверојатна јахта со должина од сто метри со низок профил, која настанала како дело на De Azcarate Design.
Се работи за многу елегантен брод инспириран од светот на тркачките автомобили, од каде потекнува Хуан Кајо Аскарате. Тој е професионален тркач и исто така брилијантен дизајнер на јахти. Ентериерот на јахтата е дело на италијанското студиоТури, но засега не постојат многу рендери со оваа тематика.
Како што веќе претпоставувате, ова е всушност неверојатен концепт, кој содржи гломазна предна палуба, на која има хелиодром и округла маса за уживање пред мостот. Овој дел нуди уште повеќе отворен простор, како и мал базен со солена вода. Сепак, оваа платформа може да се користи како подиум за танц или за отворено кино.
Eleuthera јахтата ќе има простран главен салон, со бар за забава и трпезарија, супериорна ложа која е комплетирана со големо пијано и конференциска сала, како и приватна канцеларија и приватно кино. Горнит дел ќе содржи и приватен апартман, односно пространа соба со балкон, две купатила, тоалет и мал приватен базен со спа.
Оваа јахта ќе поседува и пет ВИП апартмани, додека гостите исто така ќе можат да се опуштат во спа соби за масажа, односно во совршено опремена теретана. Овој неверојатен концепт на суперхајта е може да прими 12 гости, со вкупен екипаж кој брои 31 член.
Eleuthera има опсег од 6.000 наутички милји, што би требало да биде повеќе од доволно за одмор од соништата.