Русија завеана во црно: Граѓаните масовно објавуваат апокалиптични фотографии од регионот во кој сѐ пократко се живее

Точка

15/02/2019

20:52

10.070

Големина на фонт

а а а

Жителите на еден сибирски регион објавуваат видео снимки на социјалните мрежи на кои може да се забележи отровен црн снег кој ги прекрива улиците и деловите од градот.

На видеото кое една жена го снимила додека се возела со автомобил на местото Кисељовск во Кемеровската област може да се забележи како црниот снег ги прекрил јавните површини, детските игралишта и дворовите околу станбените згради. Руските медиуми ја нарекуваат ваквата сцена “постапокалиптична”. 

Јагленот во прав кој му ја дава црната боја на снегот доаѓа од низа отворени рудници, кои според тврдењата на активистите за заштита на околината, негативно влијаат врз здравјето на 2,6 милиони жители на Кемеровската област.

Според некои податоци, жителите на овој регион живеат три до четири години помалку од просечниот Русин, односно Русинка. Со тоа, бројот на заболени од рак, детска парализа и туберкулоза во регионот е поголем од националниот просек.

“За време на зимата таму е потешко да пронајдете бел отколку црн снег”, изјавил Владимир Сливјак, член на групата за заштита на околината “Екодифенс”. “Во воздухот е постојано присутна одредена количина на јаглен во прав. Кога паѓа снег, тој станува видлив. Тоа што правта не се гледа во текот на остатокот од годината не значи дека ја нема”.




Спонзорирани линкови

Маркетинг