Апликацијата која им овозможува на мажите да ги следат своите сопруги го шокираше светот

Точка

15/02/2019

19:18

4.795

Големина на фонт

а а а

Во Саудиска Арабија се појавила апликација која им овозможува на мажите да ги следат своите сопруги и ќерки.

Google и Apple добиле многу негативни коментари од борците за човекови права, бидејќи дозволиле ваква апликација да се најде во нивната понуда.


Апликацијата го носи името „Absher“ и ја направиле од Националниот информативен центар, кој всушност е проект на министерството за внатрешни работи.

Женските права во Саудиска Арабија се прилично ограничени. На пример, на жените им е потребна дозвола од таткото или сопругот за да ја напуштат земјата.


„Оваа апликација е навредлива и понижувачка. Страшно е тоа што им дозволува на мажите да го следат секој чекор на сопругата“, рекла Ротна Бегум од центарот за човекови права.

Од Google и Apple е побарано да ја отстранат апликацијата Absher, бидејќи може и во реално време да му испрати порака на мажот секој пат кога жената ќе излезе од земјата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг