Барселона утрово неочекано објави дека е постигнат договор со тренерот Ернесто Валверде за продолжување на соработката до 2020 година со опција за уште една една сезона (2020/21).
Оваа вест изненади многумина иако беше јасно или поточно најавено од претседателот Жосеп Марија Бартомеу дека Валверде ќе добие нов договор, ни никој не очекуваше дека толку брзо ќе се затвори ова прашање. Сепак двете страни беа задоволни и си подадоа рака, па така Валверде стана првиот тренер на каталонците кој го обновил договорт на средина на сезоната.
Последен пат кога Барса се одлучи на ваков потег беше во 2011 година, а во прашање беше гореспоменатиот Гвардиола.
Со ова клубот дефинитивно покажа дека му верува на Валверде, па шпанска „Марка“ го искористи овој момент и направи анализа, па наведе седум прични зошто Ернесто и во иднина ќе биде главен на „Камп Ноу“.
–Спортскиот успех
–Добрата атмосфера во соблекувалната
–Моментот
–Клупски тренер
–Добар менаџер
–Ја има поддршката од Лионел Меси
–Надворешната слика