Чех отворено за лошиот настап против Бате Борисов: Да игравме уште неколку часови, немаше гол да им дадеме

Дерби

15/02/2019

20:30

1.913

Големина на фонт

а а а

Арсенал загуби со 1-0 на гостувањето кај Бате Борисов во рамките на првиот меч од 1/16 финалето на Лига Европа. Премиерлигашот не успеа да се наметне, па домаќините пронајдоа начин да дојдат до голем триумф и тоа преку Станислав Драгун кој стрелаше прецизно во финишот на првиот дел.

Колку „топчиите“ биле немоќни во Белорусија најдобро говори изјавата на ветеранот Чех кој отворено призна дека во нападот едноставно биле стерилни, па дури и да играле уште неколку часови немале да постигнат погодок.

-Тоа вчера беше еден од оние натпревари на кој и да игравме уште неколку часови немаше да дадеме гол. Ама во фудбалот има такви мечеви. Се обидувате, играте, ама гол нема и се враќате дома со резултат што не го сакате, но мора да се подигнете и да бидете подготвени за реваншот. Ова е предноста на овие двојни натпревари-кога на еден ништо не ви оди од нога имате уште еден тоа да го надоместите. Не ги искористивме шансите. Во првото полувреме игравме добро и создадовме доволно шанси за да дојдеме до предност, ама за жал не успеавме да ги искористиме и потоа примевме гол во последната минута од првото полувреме што очигледно им даде многу самодоверба и верување. Сакавме да дадеме голови, да победиме и да се ставиме во добра позиција. Сега ќе биде понезгодно и ќе треба дома да победиме, -порача ветеранот Чех.



Спонзорирани линкови

Маркетинг