Премиерлигашот Манчестер Јунајтед доживеа пораз од 2-0 од Пари Сен Жермен во првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампионите, но тоа не беа единствените лоши вести за „црвените ѓаволи“од пресметката на „Олд Трафорд“.
Имено овој меч мораа предвреме да го завршат офанзивците Џеси Лингард и Антони Марсијал, а денеска стратегот Оле Гунар Солскјер откри колкава пауза ќе мораат да направат.
-Мислам дека нема да ги видиме во следните два натпревари. Да се надеваме оти брзо ќе заздрават, ама изгледа ќе бидат во аут две до три недели. Повторно Валенсија е во „аут“ исто како и Дармијан, освен тоа се е во ред, -рече Норвежанецот.
Ова значи дека Јунајтед или поточно Солскјер ќе мора да најде други решенија во напад против Челси (ФА Куп) и Ливерпул (Премиер лига).