Минхенски Баерн во осмина-финалето од Лигата на шампионите ќе ги одмери силите со екипата на Ливерпул.
На клупата на „Редси“ се наоѓа Јирген Клоп кој доста добро ги познава Баварците од времето кога ја водеше екипата на Борусија Дортмунд. Претседателот на Баерн, Ули Хенес открива дека Клоп во 2008-ма година за малку ќе завршел во Баерн.
„Имавме договорена соработка со него во 2008-ма година, но на крајот се одлучивме за Клинсман. За тоа сега не размислуваме. Имаме добар тим од кој што сме задоволни“, изјави Ули Хенес и додаде:
„Многу го ценам Јирген Клоп. Имам голема почит кон него и тоа што го направи. Ова ќе биде многу тежок натпревар за двата тима, но се надеваме дека ќе заврши со среќен исход во наша корист“, изјави Ули Хенес.