Дали претерала?: Лејди Гага го истетовирала целиот грб и покренала лавина од коментари

Точка

15/02/2019

16:39

6.635

Големина на фонт

а а а

Американската пејачка Лејди Гага е голем љубител на тетоважите, а сега се пофалила со новата која ја направила преку целиот грб.

“Среќен Ден на вљубените! Тетоважа во чест на “La Vie en Rose” – мојот 'рбетен столб е сега роза”, напишала Гага во описот од фотографијата, додека песната од гореспоменатиот назив, таа ја пеела во филмот “A Star is Born”, а за улогата во истиот е номинирана за наградата на овогодишното доделување на Оскарите. 

Покрај ова, таа истетовирала ноти на раката и им ја претставила истата на своите обожаватели на социјалните мрежи, по која покренала лавина од коментари од страна на корисниците.



Спонзорирани линкови

Маркетинг