Британците ќе се обидат да ги симнат Италијанците од тронот со W12 монструмот кој што развива дури 635 коњски сили.
Под хаубата моќниот џип Bentley Bentayga Speed ќе има агрегат кој што е резервиран за супер-спортските автомобили. Станува збор за W12 агрегат кој што развива 635 коњски сили и 900 Nm максимален обртен момент.
Новата изведба на џипот на британската компанија освен поголема моќ, ќе добие и некои измени во внатрешноста.
Светската премиера на Bentley Bentayga Speed е закажана за Саемот на автомобили во Женева, а првите испораки се очекуваат за втората половина од оваа година. Купувачите ќе добијат џип со перформанси на спортски автомобил, 6,0-литарскиот W12 мотор ќе обезбеди максимална брзина од 306 километри на час.
Сепак, ќе треба да се почека и да се види какви резултати ќе понуди Bentley Bentayga Speed на тркачката патека, каде што италијанскиот адут Lamborghini Urus веќе е докажан со импресивната максимална брзина од 310 километри на час.