Милијардерот му “симнал капа”: Руски студент направил неговата Лада да вози наназад, добил пофалби и од Илон Маск

Точка

14/02/2019

18:32

11.130

Големина на фонт

а а а

Студентот Сергеј Артјушенко, кој ја преправил својата Лада за да изгледа како да се движи наназад, не очекувал дека ќе го привлече вниманието и на Илон Маск, челниот човек на компаниите “SpaceX” и “Tesla”.

“Јас уживам во такви идеи, обожувам нешто да правам и преправувам. Дојдов до оваа идеја пред една година, но постојано ја одложував. Потоа набавив пари, купив автомобил, го преправив, почнав да го возам и се прославив”, вели Артјушенко. 

Тој објаснил дека целата работа траела само два дена и плус уште еден ден кој бил потребен за да се зацврсти конструкцијата и да се изработат браниците. Поголемиот дел го направил сам, но имал и помош од пријателите. Преправката на автомобилот го чинела илјада рубљи (околу 13,5 евра), пишува “Russia Beyond”.

За реакцијата на Илон Маск дознал од новинарите:

“Се враќав од продавница кога еден новинар ми се јави да ме извести дека Илон Маск слушнал за мене. Сакав да се прославам во својот град, во регионот, најмногу во Русија, но дека за мене слушнаа луѓе ширум светот, тоа е веќе премногу”, признава тој.

Студентот соопштил дека знае дека мора да одговара за преправка на автомобилот. Автомобилот треба да пројде низ повторна експертиза која ќе утврди дали ќе може да се движи по автопатиштата или неговата регистрација ќе мора да биде поништена.


“Нема да го вратам во првобитната состојба, не се исплати. Стекнав светска популарност. Мислев најпрвин да го продадам автомобилот, но се предомислив. Нека остане како симбол”, додал тој.

Сергеј додал дека во прилика на првата експертиза успеал да докаже дека автомобилот се движи нанапред бидејќи сакале да го казнат што возел во рикверц.

Илон Маск, директорот на компаниите “Tesla” и “SpaceX” претходно ја коментирал објавата на Твитер за автомобилот со марка Лада кој се движи наназад.

“Ха-ха, неверојатно”, напишал тој на руски јазик. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг