Мет Вотсон од “CarWow” на својот YouTube канал досега објави разни рецензии, споредби, тестирања и трки на голем број на автомобили. Што е следно?
Мет на возачкото седиште на моќниот BMW M4 Competition донесе неговата 70-годишна мајка, Сели. Таа досега го тестираше автономниот систем на Volvo XC60, забрзувањето на Audi RS4 Avant, па сега на ред дојде и дрифт.
За почеток, Мет ѝ покажа како тоа се прави во BMW M2 Competition, пред Сели да седне зад воланот на бруталниот M4 Competition. Иако очигледно не ѝ беше пријатно додека зад воланот седеше Мет, очигледно е дека подобро се чувствуваше кога го правеше тоа сама, без оглед на 450-те коњски сили.