Ова е најскапиот остров на светот и сега се продава: Нудат рајски плажи и ослободување од данок, а цената е вистинска ситница

Точка

14/02/2019

17:16

8.951

Големина на фонт

а а а

Приватниот вештачки остров Ал Марџан во Обединетите Арапски Емирати се продава за 410 милиони евра.

На купците им нудат погодности како ослободување од данок на приход, а повеќето инфраструктури на островот се изградени во емиратот Рас ал Каимах. 

Овој најскап вештачки остров на светот се протега на 267 хектари. Се состои од четири помали острови - Остров на соништата, Остров на ветерот, Островот со богатство и Островот со поглед. Меѓусебно се споени со мостови.

На пример, Островот од соништата е проект кој е замислен да ја "помати" славата на познатата Ибица. Изграден е во близина на Дубаи и може да прими околу 20.000 љубители на забавата.

Тука ќе има два огромни затворени клубови, четири клубови на плажа, пет хотели и 100 ресторани. Иако во Дубаи се потребни посебни дозволи за точење и консумирање на алкохол, тука алкохолот ќе може да се пие сосема слободно.




Спонзорирани линкови

Маркетинг