Шекеринска: Сојузниците од НАТО изразија сочувство за автобуската несреќа

Макфакс

14/02/2019

15:48

1.083

Големина на фонт

а а а

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, во изјавата по денешните сесии на министерскиот состанок во НАТО изрази длабоко сочувство до семејствата и блиските на загинатите во синоќешната несреќа на патот Скопје-Тетово и ги пренесе изразите на сочувство од учесниците на состанокот на Северноатлантскиот совет на алијанса.

„Од генералниот секретар на НАТО, преку високата европска претставничка Могерини, до моите колеги министри за одбрана од САД, Германија, Словенија, Холандија и од Грција – сите уште на самиот почеток на нашите средби ги упатија истите зборови на сочувство и огромно жалење за изгубените животи. Тоа покажува дека НАТО не е само воен сојуз, туку сојуз на држави што споделуваат исти вредности, држави што се заедно во тешки и во добри моменти“, рече Шекеринска по двата состанока на Северноатлантскиот совет во Брисел во однос на вчерашната трагична автобуска несреќа кај Карпалак.

Во однос на денешните министерски состаноци Шекеринска истакна дека ова е вистинска шанса да се види која е разликата од тоа дали земјата учествува или не на состаноците на алијансата.

„Наместо како досега кога за нашата држава се разговараше на состаноци на кои наши министри не присуствуваа, сега ние имавме можност да го кажеме нашиот став за тоа што се случува во светот, за тоа какви треба да бидат операциите и акциите на НАТО и за тоа кои политики и на Балканот и во Европа ќе нè донесат до зголемена безбедност и зголемен просперитет“, рече министерката.

Шекеринска потенцира дека нашите припадници продолжуваат со придонесот во Авганистан, но и со поддршката на мисијата на ЕУ во Босна и Херцеговина, ЕУФОР – АЛТЕА, како и со мисијата на Обединетите нации во Либан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг