Иако наградите постојано ѝ пристигнуваат, се чини дека на приватен план Лејди Гага не е сосема задоволна.
Откако на доделувањето на Греми наградите била фотографирана без скапоцениот веренички прстен, обожавателите на социјалните мрежи почнале да пишуваат дека таа ја прекинала веридбата со долгогодишниот партнер Кристијан Карино.
На церемонијата, Гага носела раскошен сребрен фустан без рамена и со висок прорез. Модната тоалета ја збогатила со накит од Тифани, но го изоставила прстенот. Исто така, Кристијан не присуствувал со неа на доделувањето, ниту таа го споменала во својот говор.
Нејзините бројни следбеници пишуваат дека е чудно што пејачката нема прстен, а една недела претходно го носела. Покрај тоа, Карино бил со неа на сите претходни доделувања на награди.
“Може ли Кристијан Карино да објави нешто на Инстаграм или да се огласи? Ќе добијам нервен слом ако таа прекинала уште една веридба. Потребен ѝ е маж кој ќе биде со неа со децении”, напишал еден лут обожавател.
Иако Лејди Гага не го следи Карино на Инстаграм, тој сѐ уште има фотографии од неа на профилот. Исто така, доколку се потврди дека тие повеќе не се заедно, обожавателите веќе ја имаат причината за тоа.
“Сигурно го оставила за да биде со Бредли”, мислат едни и се надеваат дека актерскиот пар од филмот “A Star is Born” ќе биде заедно и во реалниот живот.
Инаку, како што тврди, Бредли е во среќен брак со манекенката Ирина Шајк, а заедно ја имаат ќерката Леа Де Сејн, но наводно ни Шајк не била претерано воодушевена поради блискиот однос на Бредли со Гага поради заедничкиот филм.