Соседните земји изразија сочувство за трагедијата

Макфакс

14/02/2019

12:21

1.524

Големина на фонт

а а а

Соседните земји изразија сочувство поради тешката сообраќајна несреќа на патот Скопје-Тетово, во која животот го загубија 14 лица.

По несреќата, албанскиот премиер, Еди Рама изрази сочувство до семејствата на загинатите, а на повредените им посака побрзо закрепнување.

„Жал за трагедијата на автобусот во Северна Македонија, каде бројот на жртви и повредени вознемирија голем број смејства. Духовно сме покрај семејствата и пријателската земја“, напиша Рама „Твитер.

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, во пораката со сочувство изрази жалење на најблиските на загинатите и им посака брзо заздравување на повредените.

Пораки стигнаа и од лидерите на Косово. Сочувство изразија претседателот на Косово, Хашим Тачи и првиот парламентарец, Кадри Весели.

„Најдлабоко сочувство за семејствата на жртвите во сообраќајната несреќа на автопатот Скопје-Тетово, а на повредените им посакувам што поскоро оздравување. Им изразувам сочувтсво и на водачите на институциите и на сите граѓани на Република Севрна Македонија“, напиша Тачи.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, веднаш по несреќата, алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос му се јавил на министерот Никола Димитров за да изрази сочувство и поддршка во тешките моменти за земјата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг