Еве како изгледа славната раперка Лил Ким: Фановите не ја препознаваат: "Носот ѝ се распаѓа, како воопшто дише?"

Точка

14/02/2019

11:38

5.764

Големина на фонт

а а а

Славната раперка претерала со пластичните операции па денес изгледа во целост поразлично отколку на врвот од кариерата.

Раперката Лил Ким, која кон крајот на 90-тите и почетокот на 2000-тите доминирала на музичката сцена, денес е непрепознатлива. Славната пејачка се појавила на Модната недела во Њујорк, каде прошетала на пистата во креација на брендот "The Blonds". 

Дека Лил Ким навистина претерала со пластичните операции, забележале и нејзините фанови. "Носот и се распаѓа, како воопшто дише?", "Изгледа престрашно", "Какво и е тоа лице? Беше прекрасна. Зарем сите пари ги потроши за да изгледа вака?", "Болно е да се гледа", "Не ја препознав", "Што ли си направила", биле само некои од реакциите.

Иако раперката веќе некое време е во финансиски проблеми, се враќа на музичката сцена, а следниот месец би треба да издаде нов студиски албум.



Спонзорирани линкови

Маркетинг