Сведоштво на еден од преживеаните патници: Додека се освестивме, веќе бевме превртени

Точка

14/02/2019

05:42

48.230

Големина на фонт

а а а

Голема трагедија ја потресе Македонија – патнички автобус на гостиварската компанија „Дурмо Турс“ вчера излета од автопатот Скопје – Тетово и се преврти кај селото Ласкарци.

Според последните информации, 14 лица го загубија животот во страотната несреќа на автопатот Скопје – Тетово која се случи вчера околу 17 часот, а петмина се борат за живот во скопските клиники.

Автобусот кој пренесувал 50-тина патници од Скопје за Гостивар, преминал преку заштитната ограда на автопатот на спротивната лента, по што ја пробил и последната банкина пред да се преврти покрај автопатот.


Од скопското Основно јавно обвинителство соопштија дека е земена првична изјава од возачот на автобусот, а извршена е и анализа на крв и урина. Деновиве ќе се прави увид и на трагите на кочење, а автобусот ќе се вештачи на Машинскиот факултет во Скопје за да се утврдат причините за големата трагедија.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески на „ТВ24“ потврди дека гостиварската компанија „Дурмо Турс“ имала важечка лиценца за работа до 2023-та година.

Телевизијата “Klan Macedonia” го објави сведоштвото на еден од преживеаните патници кој што откри дека е во стабилна состојба, а потоа откри и како се случила несреќата. Според него, сѐ се случило за многу кратко време, автобусот наеднаш ја загубил контролата, по што излетал од патот.

Денес и утре, како што потврдија од Владата на Република Македонија, ќе бидат прогласени за денови на жалост.



Спонзорирани линкови

Маркетинг