Ова се филмовите и ТВ сериите на Нетфликс кои содржат најексплицитни секс сцени

Точка

13/02/2019

16:44

7.342

Големина на фонт

а а а

Цензурата на Нетфликс е сведена на минимум, а на интернет можат да се најдат бројни текстови на тема “порно водич низ Нетфликс”.

Погледнете кои филмови и ТВ серии на Нетфликс содржат најексплицитни секс сцени. 

Love

Режисерот Гаспар Ное привлече големо внимание со својот филм од 2015 година. Бидејќи во претходниот филм “Enter the Void” снимал само реални секс сцени од внатрешноста на вагината, Ное овојпат бил “помалку амбициозен” и снимал САМО секс. Многумина го окарактеризирале ова дело како порно содржина – Марфи е Американец кој живее во Париз и влегува во бурна сексуална и емотивна врска со нестабилната Електра. Несвесни каков ефект ќе има тоа на нивната врска, тие ја повикуваат атрактивната сосетка да им се придружи во креветот...

The Paperboy

Кога беше прикажан во 2012 година, овој филм предизвика големи контроверзии благодарение на сцената во која Никол Кидман уринира врз Зек Ефрон. Режисерот Ли Даниелс никогаш не бегал од провокации и знае како да ја наведе публиката да се чувствува како да гледа нешто што не би требало.

Gerald’s Game

“Gerald’s Game” ја раскажува приказната за Џеси која останува врзана со лисици за кревет бидејќи нејзиниот сопруг изненадно доживува срцев удар, а она што следи е психолошки трилер. Бездомно куче доаѓа и почнува да го јаде лешот, а Џеси халуцинира дека гледа деформиран дух... или не халуцинира? Она за кое најмногу се зборуваше за филмот е начинот на кој Џеси се ослободува од лисиците.

Wetlands

Провокативниот германски филм направен според истоимената книга на Шарлот Рош е приказна која ги померува границите. Филмот ја следи 18-годишната Хелен која се буни против баш секое сексуално табу.

I Am Love

Тинда Свинтон игра жена која е во брак со маж од богато италијанско семејство, а страствената афера ѝ се заканува дека ќе ѝ го разори животот. Режијата ја потпишува познатиот Италијанец Лука Гуадањино.

Perfect Sense

Јуан Мекгрегор не е срамежлив кога треба да се соблече пред камерите. Романтичниот трилер во кој Јуан се појавува со Ева Грин зборува за епидемиолог и шеф на кујна кои се заљубуваат еден во друг.

Easy

Без оглед дали станува збор за тројка помеѓу Орландо Блум, Мејлин Акерман и Кејт Мијучи или симпатичната, но комплицирана љубов помеѓу Зази Биц и Дејв Франкo, Easy нема да ве разочара на било кој план.



Спонзорирани линкови

Маркетинг