Француската влада го осуди порастот на антисемитизам: "Тие дела се одвратни"

Точка

12/02/2019

21:46

2.026

Големина на фонт

а а а

Порастот на антисемитизмот во Франција во 2018 година поттикна едногласна осуда од власта, политичките лидери и еврејските организации.

Изминатиот викенд беше одбележан со неколку антисемитски инциденти: На портретот на Симон Веил, истакната претставничка на францускиот и европскиот политички живот која како 15 годишна девојка била депортирана во концентрациониот логор Аушвиц бил исцртан кукаст крст, на излогот на париски ресторан испишан бил графитот "Juden" (Евреи) и посадено било дрво во спомен на Илан Халими. 


Премиерот: Тие дела се одвратни

"Тие дела се одвратни", реагираше премиерот Едуард Филипе, кој во вторник вечер треба да ја додели наградата Илан Халими во сеќавање на еврејското момче кое во 2006 година било киднапирано, со недели злоставувано и на крајот убиено.

"И самиот чувствувам гнев како и поголемиот дел од францускиот народ", додаде тој.


Во понеделникот францускиот министер за надворешни работи, Кристоф Кастанер, порастот на антисемитизмот го нарече "отров" кој напаѓа, а во 2018 се зголемил на 74%. Имено, во 2018 година биле забележани 541 антисемитски напад, додека во 2017 околу 311, се додава од министерството.

Таа бројка сепак се намалила во споредба со онаа од 2015 кога била 800.


Такви напади неретко се случуваат на протестите на "жолтите елеци", рекол портпаролот на владата, Бенјамин Гриво кој сепак истакнал дека тие две работи не треба да се поврзуваат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг