Се појавила во фустан кој откривал речиси сѐ: Пејачката со бурно минато не оставила ништо на фантазијата

Точка

12/02/2019

20:51

8.051

Големина на фонт

а а а

Тони Брекстон која во 90-тите го достигна самиот врв со познатата песна “Unbreak My Heart” ги привлекла сите погледи на црвениот тепих на 61-вото доделување на Греми наградите.

Во 52-рата година од животот таа мамела воздишки со својата совршена фигура, но иако била номинирана во три категории, не успеала да освои ниту една награда. 


Тони, и покрај наводната разделба со вереникот Бердман во 2018 година, се појавила на доделувањето на наградите со голем дијамантски прстен и со тоа повторно ги покренала гласините за оваа врска.

За потсетување, пејачката во 1997 година банкротираше, а како што тогаш навела, за тоа е виновна нејзината дискографска куќа која иако продала милиони копии од нејзиниот албум, на неа ѝ биле исплатени само 2000 долари со кои не можела да ги отплати долговите.


Кога конечно се извлекла од финансиските проблеми, Брекстон добила свое шоу во Лас Вегас кое набрзо било прекинато откако ѝ се слошило. Тогаш било востановено дека Тони боледува од лупус и проектот со кој заработувала милиони бил завршен. По прекинувањето на шоуто, разни компании кои го спонзорирале истото ја тужеле пејачката, а нејзиниот долг изнесувал дури 50 милиони долари. Поради тоа, таа била принудена по втор пат да потпише банкрот.


Медиумскиот успех, Брекстон повторно го доживеа благодарение на шоуто “Braxton Family Values” кое започна со емитување во 2011 година. Кон почетокот на минатата година, пејачката се вери со Тони Бердман кој како помлад ограбувал продавници и продавал хероин, а поради таквото однесување одлежал тригодишна затворска казна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг