Се расипа тоалетот на Меѓународната вселенска станица...

Точка

12/02/2019

19:01

1.792

Големина на фонт

а а а

Астронаутите на Меѓународната вселенска станица се соочиле со голема непријатност – дефект на тоалетот скап 19 милиони долари!

На вселенската станица деновиве се расипал тоалетот од кој се излеале 9,5 литри „течност“. Од Меѓународната вселенска станица соопштија дека астронаутите морале да реагираат и да го исчистат нередот околу себе со помош на пешкири, а исто така морале да го решат и проблемот со протекувањето.

Станува збор за тоалет кој што бил во употреба од 2008-ма година кога бил донесен од спејс шатлот “Endeavour” откако претходниот тоалет се расипал.

Иако станува збор за високо софистицирана технологија која што чини дури 19 милиони долари, астронаутите и не се баш задоволни и велат дека тоалетот изгледа како да е наменет за кампување. Поседува даска за седење со дупка, како и посебен отвор за мокрење. Акумулираниот отпад се собира, херметички се затвора и се враќа назад на Земјата, но притоа гори во атмосферата.


За среќа по астронаутите, ако се тргне на страна оваа „незгода“, од сега па натаму нивното одење во тоалет ќе биде попријатно.

Екипажот во “Node 3” (Tranquility модулот кој е поврзан на Меѓународната вселенска станица од 2010-та година), постави нов двоен модул кој обезбедува подобра приватност за астронаутите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг