Ќе има само 20 вакви автомобили: Ова е Bugatti Chiron Sport “110 Ans Edition”

Точка

12/02/2019

18:21

2.390

Големина на фонт

а а а

Новиот Chiron Sport “110 Ans Edition” е заснован на „обичниот“ Chiron Sport, но во овој случај ќе биде достапен во исклучиво мат “Steel Blue” боја, елементи од карбонски влакна и детали во боите на француското знаме.

Автомобилот е поставен на специјалните “Nocturne Mat” црни алуминиумски фелни, додека пак сопирачките ќе бидат обоени во „тркачко сина“ нијанса. Слична комбинација на бои, со додаток и на црвената, се наоѓаат и во внатрешноста на автомобилот.


Седиштата се изработени од висококвалитетна кожа и алкантара, украсени се со боите на француското знаме, а тука е и натписот кој стои како потврда дека станува збор за јубилеен модел направен по повод 110-тиот роденден на компанијата.


Кога станува збор за агрегатот, тој останува ист – станува збор за 8,0-литарски W16 кој што развива импресивни 1,500 коњски сили и 1,600 Nm максимален обртен момент.

Цената на Bugatti Chiron Sport “110 Ans Edition” засега не е откриена, а познато е дека ќе бидат произведени само 20 примероци на оваа специјална верзија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг