Родители разбеснале поради приказ на бременоста во учебник по биологија: „Како од порно филм“

Точка

12/02/2019

17:34

6.393

Големина на фонт

а а а

Бесните родители во Велика Британија го повикале издавачот на учебникот по биологија, бидејќи во книгата е објавена фотографија од бремена жена која има стилизирани срамни влакна.

Оваа интимна фризура родителите ја прогласиле за „безобразна и непотребна“, а една мајка изјавила дека изгледа како од „порно филм“.

Родителите побарале од издавачот Персон Едексел, да го повлече од продажба учебникот кој е издаден во 2017-та година.

Еден Твитер корисник побарал официјално извинување поради оваа „бескрајно безобразна“ илустрација во учебникот International GCSE Human Biology.

„Прикажуваат жена која има срамни влакна, како да излегла од порно филм“, се пожалила една мајка на форумот Mumsnet.

„Можеби изгледа тривијално, но дефинитивно е нездраво“, се согласила друга.


„Поради вакви работи, девојчињата се учат да бидат одвратни и дека треба да се срамат од своето тело и дека нивната удобност на другите не им е важна“, додала трета.

„Ова би можело да ги поттикне девојките од мали да се депилираат. Постојат бројни докази дека девојките отсега се подложни на сексуално вознемирување во училиштата, а оваа фотографија би можело да ја влоши ситуацијата“, рекла Вивин Порит, една од основачите на движењето „WomenEd“.

Се огласиле и од издавачката куќа и објасниле дека во нивните изданија спорната илустрација е заменета.

„Очигледно е дека немавме намера никого да навредиме со оригиналната верзија и со задоволство бесплатно ќе ја замениме книгата за учениците и учителите кои не се задоволни со старата верзија“, рекол нивниот гласноговорник. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг