Се врати старата Лејди Гага: Пејачката на забавата по Греми наградите се појавила во долна облека

Точка

12/02/2019

16:53

4.002

Големина на фонт

а а а

Иако во последните неколку месеци Гага нѐ воодушевуваше со елегантни изданија, се чини дека таа станала носталгична за своите драматични комбинации и накратко одлучила да им се врати.

Откако заблескала на самото доделување на наградите, пејачката на забавата по Греми се појавила во долна облека и мрежести хулахопки. 


Таа се фотографирала со својот колега, музичарот Марк Ронсон кој бил организатор на забавата.


Инаку, Лејди Гага повторно ќе имаме прилика да ја видиме во многу гламурозно издание бидејќи пејачката ќе се појави и на доделувањето на Оскарите. Филмот “A Star is Born” е номиниран за дури седум Оскари, а самата Лејди Гага е номинирана за најдобра женска улога во филмот.






Спонзорирани линкови

Маркетинг