Илон Маск ја продава луксузната вила во Лос Анџелес за 4,5 милиони долари

Точка

12/02/2019

14:42

2.195

Големина на фонт

а а а

Милијардерот Илон Маск одлучил да продаде една од своите луксузни вили во Лос Анџелес. Станува збор за вила која во 2014 година ја купил за 3,7 милиони, а која сега ја продава за 4,5 милиони долари, пишува “Forbes”.

Вилата има четири спални соби и три купатила, а ја карактеризираат големи прозорци благодарение на кои изгледа како да е целата изработена од стакло. Домот поседува пространа кујна и голема дневна соба, а лизгачката врата води до приватниот двор со базен. 


“Базенот со солена вода и хидромасажниот базен опкружен со градина се идеални за опуштање”, навела агенцијата за недвижнини преку која Маск го продава овој имот.

Наводно, милијардерот ја купил оваа вила за својата поранешна сопруга Талула Рајли откако се разделиле. Американските медиуми пишуваат дека тој никогаш не живеел тука, а исто така не е познато дали некој од неговото семејство престојувал во неа.

Илон овие денови издвоил 6,4 милиони долари за вилата во Бел Ер за чиј изглед сѐ уште нема детални информации.



Спонзорирани линкови

Маркетинг