Поранешниот сопруг ја изневерил и сега крие дека повторно се омажила?

Точка

12/02/2019

13:41

3.719

Големина на фонт

а а а

Списанието "Life&Style" пишува дека славната актерка Сандра Булок се омажила во тајност.

Холивудската актерка е во врска со моделот и фотограф Брајан Рендал, а врската наводно ја крунисале со брак. 

Неименуваниот извор за ова списание изјавил: "Имаа тајна церемонија, само тие двајца и нивните посвоени деца. Немаше голема прослава, деверуши или планери за свадби. Така сакаше Сандра, едноставна церемонија со луѓе кои и се важни, Брајан, нејзината ќерка Лајла и синот Луис".

Актерката не сакала за венчавката да се зборува во јавноста и нема да носи венчален прстен бидејќи не сака луѓето да прават компарација од нејзините бракови. Имено, Сандра била мажена со Џеси Џејмс, кој ја изневерил, по што актерката го оставила.

Џејмс ја запознал две децении помладата Мишел кога дошла на разговор во неговата компанија.

Мишел тогаш до детали ја опишала својата афера во списанието "In Touch": "Јас сум очигледно малку побезобразна девојка од Сандра. Сакам мотори и мислам дека имам повеќе заеднички работи со Џеси од неа. Би рекла дека тој беше осамен во тој брак", изјавила таа.

Сандра и Брајан уште не се огласиле по повод венчавката, а ова не е прв пат списанието да пишува за нивната свадба. Во декември 2017-та пишувале за зимска венчавка, а минатиот април наведувале дека актерката очекува дете со Брајан.

Сандра го запознала Брајан кога дошол како фотограф да ги забележи моментите од прославата на петтиот роденден на Луис. Заедно се веќе четири години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг