Заев и Ципрас предложени за Нобелова награда и од Црна Гора

Нетпрес

12/02/2019

10:49

862

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Социјалдемократската партија на Црна Гора, Ранко Кривокапиќ, упати до норвешкиот Нобелов институт формална номинација годинашната Нобелова награда за мир да им се додели на премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, поради потпишувањето на Преспанската спогодба со која се решава спор стар 27 години, пишуваат црногорските медиуми.

Со оваа историска спогодба е затворено прашањето кое не само што ја блокираше европската и евроатланската иднина на Македонија, туку создаваше и јаз помеѓу двете соседни земји, пишува, покрај другото, во номинацијата од Кривокапиќ.

Ова е трета иницијатива за номинирање на Заев и Ципрас за значајната награда. Првата беше поднесена од нобеловката од Тунис, Уидед Бушамауи, која во декември минатата година номинацијата ја објави во Скопје и Атина и за тоа лично ги информираше двајцата премиери. Номинацијата официјално ја достави на крајот на јануари годинава. Во писмото до Нобеловиот Комитет таа ја искажа нејзината убеденост дека Договорот од Преспа, претставува модел за мирно решавање на билатералните и мултилатерални недоразбирања.



Спонзорирани линкови

Маркетинг