Невеста полудела кога видела што сака да облече идната свекрва за венчавката

Точка

12/02/2019

09:53

4.465

Големина на фонт

а а а

Непишано правило е на венчавката само бело да носи невестата, па така една невеста од Велика Британија испаничила кога свекрвата одлучила на нивната венчавка на облече бела тоалета.

Мајката на младоженецот, на идната снаа ѝ испратила фотографија од тоалетата која планира да ја носи на венчавката, а снаата полудела кога сфатила дека станува збор за бела тоалета. Бесната невеста фотографијата од свекрвата на која носи бела тоалета, ја споделила во една Фејсбук група.


„Дали сум луда или ова е премногу бело?“, прашала таа. Споделила и screenshot од пораките кои ги разменила со свекрвата.

„Сè додека не е бела, супер е. Во ред, искрено, изгледа навистина бело и не сакам да бидам луда невеста, но одлично би било кога тоалетата не би била толку бела“ ѝ напишала таа.

„Сребрено-сива е, не се гледа на фотографијата, не е најдобра фотографија, признавам. Сега сум во паника, не сакам да те вознемирам. Навистина е сива, ќе ти покажам кога ќе пристигне“, ѝ одговорила несреќната свекрва.


Останатите членки на групата застанале во одбрана на невестата и ѝ кажале дека и тие би полуделе доколку нивната свекрва одлучи да носи вакво нешто. „Премно е невестинска“, „Ако ја сака таа тоалета, нека ја земе, но во друга боја“, коментирале тие. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг