Возете внимателно, има појава на магла и одрони на патиштата

Точка

12/02/2019

09:23

882

Големина на фонт

а а а

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места во западните делови од државата има остатоци на кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија Пат. Врнежи од снег со среден интензитет се бележат во Крушево, Маврово, Струга и на планинските премини Ѓавато и Плетвар, а со послаб интензитет на планинските премини Стража, Пресека, во Дебар и Кичево.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.



Спонзорирани линкови

Маркетинг