Го убила сопругот, земала милиони и се омажила со неговиот најдобар пријател - осудена на доживотна робија

Точка

12/02/2019

09:02

3.532

Големина на фонт

а а а

49-годишната Дениз Вилијамс од Флорида е осудена на доживотна робија поради соучество и планирање на убиството на сопругот Мајк Вилијамс пред речиси 20 години, за на име на неговото животно осигурување да земе 1,75 милиони долари и да се омажи со неговиот најдобар пријател Брајан Винчестер.

Вилијамс во 2000-та година отишол на лов на езерото Семинол. Тој ден, тој и Дениз ја славеле шестата годишнина од бракот. Бидејќи не се вратил дома, организирана била потрага по него. 

Во наредните неколку недели, полицијата во езерото го пронашла неговиот чамец, јакна, гумени чизми и ловечка дозвола, но не и неговото тело, па заклучила дека го изеле крокодили.

Кога во јуни 2001-ва година било заклучено дека се удавил во езерото, Дениз земала 1,75 милиони долари на име на договорот за неговото животно осигурување.

Неговата мајка Черли Ен Вилијамс, меѓутоа, не сакала да верува дека нејзиниот син едноставно се удавил, па во 2004-та година на нејзино упорно инсистирање била отворена истрага за неговото исчезнување.

Телото на Мајк Вилијамс било пронајдено во 2017-та година. Дениз била уапсена во мај истата година и обвинета за убиство од прв степен, заговор за убиство и измама.

Најдобриот пријател на убиениот Мајк, Брајан Винчестер, се развел во 2005-та година и се оженил со Дениз, со која бил во тајна врска уште од 1997-ма. Меѓутоа, во 2012-та се разделиле, а Дениз во 2015-та поднела барање за развод.

Винчестер на судењето сведочел против Дениз. Рекол дека таа не сакала да се разведе од сопругот, за да не мора да го дели старателството над нивната ќерка. Заедно направиле план за убиство на Вилијамс, а сакале да направат да личи како несреќен случај.



Спонзорирани линкови

Маркетинг