Брегзит без договор ќе погоди 100 000 работни места во Германија

Макфакс

11/02/2019

21:39

2.375

Големина на фонт

а а а

Излегувањето на Британија од ЕУ без договор би влијаел на повеќе од 100 000 работни места во Германија, која зависи од трговијата со Британија. Најтешко погодена би била автомобилската индустрија, наведуваат економистите.

Од Институтот за економски истражувања IWH соопштија дека направиле проценки врз основа на претпоставки што би се случило кога увозот на ЕУ во Велика Британија би паднал за 25 отсто поради недостиг на трговски аранжман. Најмногу работни места би биле загрозени во Волфсбург во северна Германија, каде што се наоѓа седиштето на Фолксваген и областа Динголфинг – Ланадаѕ, каде што БМВ има производствени погони.

Ако Британија би излегла од ЕУ без трговски договор, тоа би значело увозна царина од 10 отсто на возилата и автоделовите.

Британија треба да ја напушти ЕУ на 29 март.



Спонзорирани линкови

Маркетинг